Чешката полиција соопшти дека еден пациент во болница во Прага отворил оган од огнено оружје при што ранил два други пациенти.

Инцидентот се случил утринава околу полноќ во Универзитетската болница во главниот град на Чешка, на одделението за хематологија во една соба во која имало тројца пациенти.

Пациентот-напаѓач е приведен отакако медицинскиот персонал успеал да го разоружа.

Како што јавуваат чешките медиуми, повикувајќи се на извори блиски до болницата, еден од двајцата ранети се наоѓа во критична состојба