Американските државјани кои ќе патуваат во некоја од земјите на ЕУ од 2021 година ќе мора да имаат виза.

Европската унија  објави дека на американските патници ќе им треба нов вид на виза од 2021 година, што ќе ја носи кратенката ЕТИАС (European Travel Information and Authorization System – Европски систем за информации и авторизација на патување) за да го посетат европскиот шенген простор, пренесе Си-ен-ен.

Шенген зоната опфаќа 26 европски земји кои немаат меѓусебни граници и им овозможуваат на луѓето слободно движење.

Во моментов, граѓаните на САД во Европа можат да патуваат до 90 дена без виза.

За да аплицираат за ЕТИАС, на граѓаните на САД ќе им треба важечки пасош, е-пошта и кредитна или дебитна картичка, објави ЕУ. На малолетните лица, ќе им треба само редовен пасош да патуваат кога визите ќе стапат на сила, се вели на вебсјатот на ЕТИАС.

ЕТИАС визата важи три години и им овозможува на Американците да влезат во Шенген зоната толку често колку што сакаат.

На веб страната на ЕТИАС, Европската унија соопшти дека „неодамна одлучи да го подобри нивото на безбедност за да избегне понатамошни проблеми со илегалната миграција и тероризмот“.

САД се во спор со Европскиот парламент и Европската комисија поради визите за Бугарија, Хрватска, Полска, Романија и Кипар. Патниците во овие пет земји се единствените земји на ЕУ што САД им бара да аплицираат за виза.

Во 2016 година, Европската комисија прво објави извештај со кој бара САД да им го дадат истиот без визен статус на петте земји како и на другите 23 земји-членки на ЕУ во замена државјаните на САД да го задржат истиот без визен статус во Шенген зоната. Правилата на ЕУ бараат еднаков третман за сите земји-членки.

Во извештајот исто така стои дека комисијата сакала да почека додека претседателот Трамп дојде на власт за „да бара целосен реципроцитет за визите“.

Во јуни 2018 година, Парламентот гласаше во прилог за Комисијата за воведување визи за граѓаните на САД.