На социјалните мрежи се појавија првите слики од гробот на Евгениј Пригожин на гробиштата Порохов во Санкт Петербург.

Таму утринава се одржа затворена церемонија за збогување со досегашниот лидер на приватната воена компанија „Вагнер“.

Според информациите од руските медиуми, Пригожин е погребан до неговиот татко.

Според најавите, на погребот не присуствуваше рускиот претседател Владимир Путин.