Францускиот претседател Емануел Макрон  рече дека ЕУ „можеби“ треба да еволуира кон унија со „повеќе брзини“ додека размислува за интегрирање на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан. Макрон рече дека ЕУ треба да се реформира ако сака да интегрира нови нации и мора да изгради консензус со повеќе од 30 земји-членки.

„Ризикот е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членови, нема да биде полесно“, рече тој на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.  „Ќе ни треба смелост, да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со повеќе брзини“, рече Макрон.