Наследникот на династијата Романови, која владееше со царска Русија до револуцијата во 1917 година, се ожени на екстравагантна церемонија во поранешниот царски главен град Санкт Петербург.

Церемонијата траеше два дена, а започна со венчавката на големиот војвода ЏорџМихајлович Романов и неговата италијанска свршеница Ребека Бетарини.

Минатата година Бетарини го зеде презимето и стана православна.Прадедото на Михајлович, големиот војвода Кирил Владимирович, успеа да избега во Финска и да ја избегне трагичната судбина на остатокот од кралското семејство во болшевичката револуција во 1917 година, а подоцна отиде во Западна Европа и ја продолжи лозата.
Младоженецот првпат ја посетил Русија во 1992 година. Сега живее во Москва и води бројни добротворни проекти.