Руска истражна комисија потврди дека командантот на групата Вагнер, Евгениј
Пригожин е меѓу десетте лица кои загинаа во авионската несреќа.

Во несреќата северозападно од Москва загинаа десет лица – седум патници и тројца членови на екипажот. Инспекторите се уште не прецизирале ништо, не ја разјаснуваат премисата за несреќата или бомбата, ракетата земја-воздух или грешката на пилотот.

Руските власти веднаш соопштија дека Пригожин (62) бил наведен како патник во соборениот авион, два месеци откако го предводел неуспешниот бунт против руското
воено раководство.

Овие луѓе загинаа со Пригожин – Евгениј Макаријан, Сергеј Пропустин, Александар
Тотмин, Валери Чекалов, Дмитриј Уткин, Николај Матушев, Алексеј Левшин, Рустам
Каримов и Кристина Распопова.