Властите во Норвешка од петок ќе ги затворат границите за сите патници чие пристигнување не е неопходно, изјави денеска премиерката Ерна Солберг.

Таа на прес-конференција рече дека границите ќе бидат затворени за сите кои не живеат во Норвешка.

Солберг прецизираше дека ќе има исклучоци, како што се медицински работници од одредени земји, но додаде дека повеќето работници мигранти нема да можат да влезат во државата.

Норвешка, која не е членка на ЕУ, во саботата воведе блокада во регионот околу главниот град Осло, откако се појави епидемија на британската мутација на ковид-19.