Серијата Чернобил натера многу фанови да заминат во Украина и одблиску да ја видат трагедијата што ја потресе Европа во осумдесеттите години.

Посетата вклучува обиколка на градот Припијат кој се наоѓа непосредно до нуклеарната централа. Тоа е град кој бил изграден во 1970 година од нула кога била направена централата за да се сместат работниците. Ги нудел сите услови за живеење, згради, училишта, паркови, забавни паркови, ресторани.

Кога хаваријата се случила целиот град бил испразнат. Иако на жителите им кажале дека заминуваат на неколку денови тие никогаш не се вратиле. Во него се е оставено онака како што останало. Сега градот го чува војската, додека пак пристапот до централата е целосно забранет.

За посета на туристите постојат строги правила, движење со водич и тоа во  група и тоа само во места кои се претходно проверени. Сепак ништо во градот не смее да се допира или пак да се носи дома за спомен.

Турата чини од 80 до 130 евра и заинтересираноста е голема.