НАТО ја почнува својата најголема воена вежба од завршувањето на Студената војна. Ќе бидат вклучени 65 бродови, 250 авиони, 10.000 возила и 50.000 војници.
Генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг изјави дека ова ќе биде „силен призказ“ на способноста и единството во време на растечка опасност во Европа.
„Trident Juncture“ испраќа јасна порака до нашите нации и до секој потенцијален противник: НАТО не бара конфронтација, но ние сме подготвени да ги браниме сојузниците од секоја закана“, изјави Столтенберг на прес-конференција во Брисел.
Вежбите предизвикуваат критики од Москва во услови на тензии меѓу НАТО и Русија, откако Москва го презема Крим од Украина во 2014 година, а Кремљ ја обвинува Алијансата за провокативно однесување во близина на нејзините граници.
Друг извор на тензии е, според НАТО, руското распоредување на проектили кои го прекршуваат нуклеарниот договор меѓу Русија и САД и кои се потенцијална опасност по членки на Алијансата во Европа.
Ќе учествуваат сите 29 членки на НАТО, вклучително партнерите на Алијансата Шведска и Финска, рече Столтенберг додавајќи дека вежбите ќе се одржуваат во две фази од 25 октомври до 7 ноември и од 13 до 24 ноември.
Comments are closed for this post.