Постои доказ дека НАТО му ветил на претседателот на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов дека нема да се шират кон исток, иако генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг го тврди спротивното, изјави во своето редовно неделно обраќање портпаролката на руското Министерството за надворешни работи Марија Захарова.
Нема пишани гаранции и ништо не е потпишано, но „џентламенски договор“ се има дадено. Втората работа е што сите заборавиле и не сакаат на тоа да се сеќаваат, но тоа навистина се случило, уверува Захарова.
Според портпаролката на руското Министерство, доказите се наоѓаат во архивираните материјали за кои неодамна е тргната ознаката за тајност во САД.
На состанокот во февруари, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му врачи на Столтенберг низа изводи од тие документи. Мислам дека од февруари Столтенберг имал доволно време да ги прочита, рече Захарова.
Според нејзините зборови, некои западни земји се преправаат дела такви ветувања никогаш не се дадени.
За жал, таквиот став уште повеќе го спушта нивото на доверба во нив и ја покажува вистинската вредност на другите ветувања кои ги дале или ги даваат на нас или некој друг, заклучува Захарова.
Comments are closed for this post.