Повеќе од 1.000 милитанти ја напуштиле демилитаризираната зона во Идлиб, Сирија, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

Претходно Русија и Турција постигнаа согласност да формираат безбедносна зона во Идлиб а од бунтовниците побараа до 15 октомври да го повлечат тешкото наоружување.

Идлиб е последното упориште на бунтовниците во Сирија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се почитуваат договорите за формирање безбедносна зона околу Идлиб. Тој додаде дека Турција, која сака да соработува со сите групи кои делуваат во таа област, игра главна улога во спроведувањето на постигнатите согласности.

Путин и Ердоган се сретнаа на 17 септември во Сочи околу формирањето безбедносна зона долж линијата на контакт меѓу провладините сили и опозицијата.