Германската тинејџерка Наоми Зајбт, речиси преку ноќ стана миленичка на германските десничари, стекнувајќи ја популарноста со објави кои кореспондираат со скептиците околу климатските промени и добивјќи го прекарот „анти-Грета“, објави „Гардијан“.

Неделава 19-годишната Зајбт ќе настапи на најголемиот собир на конзервативците во Америка – Конзервативна конференција за политичка акција (ЦПАЦ) во близина на Вашингтон. Меѓу говорниците на собирот ќе бидат и американскиот потпретседател Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.

Зајбт е на платен список на Институтот Хартланд, т.н. тинк-тенк, кој е блиско поврзан со Белата куќа и кој, исто така, ги негира утврдените научни сознанија за тоа дека човековата активност, пред сè горењето фосилни горива, ја загрева планетата што во иднина ќе има последици по екосистемот и човештвото.