Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека неговата втора средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ќе се одржи во Ханој, Виетнам.
Трамп во неколку твитови го пофали Ким и наведе дека неговите претставници штотуку отпатувале од Северна Кореја, каде што имале „продуктивни состаноци” за 27 и 28 февруари.
„Се радувам што ќе се видиме со претседателот Ким и ќе го унапредиме прашањето за мирот“, напиша Трамп на Твитер.
My representatives have just left North Korea after a very productive meeting and an agreed upon time and date for the second Summit with Kim Jong Un. It will take place in Hanoi, Vietnam, on February 27 & 28. I look forward to seeing Chairman Kim & advancing the cause of peace!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) February 9, 2019
Тој изрази уверување дека Северна Кореја еден ден ќе стане економска сила под раководство на Ким.
North Korea, under the leadership of Kim Jong Un, will become a great Economic Powerhouse. He may surprise some but he won’t surprise me, because I have gotten to know him & fully understand how capable he is. North Korea will become a different kind of Rocket – an Economic one!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) February 9, 2019
Првиот состанок на Трамп и Ким се одржа во јуни минатата година во Сингапур, кога водачот на Северна Кореја вети дека ќе работи на целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Comments are closed for this post.