Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија од Обединети нации.

Луѓето бегаат од војни, прогони и последици од глобалното затоплување, соопшти германскиот огранок на УНХЦР, ден пред одбележувањето на Светскиот хумснитарен ден.

Хуманитарната организација СОС Детско село објави дека минатата година убиени или ранети се 12 илјади деца, пренесува порталот Индекс.

Илјадници се грабнати и станале деца војници, а стотици илјади претрпеле сериозни трауми, додаваат од организацијата.

Авганистан (3062), Сирија (1854) и Јемен (1698) се со најголем број ранети и убиени деца.

„Црните бројки се веројатно многу поголеми, вели Тереса Нгиги, главен психолог во детското СОС село, се наведува во соопштението.