Најмалку 770 лица беа повредени, а над 600 домови се срушени како последицана на земјотресот со јачина од 5.3 степени, што се случи утрово по локално време во провинцијата Сичуан во југозападна Кина.

Администрацијата на покраината на лице место на настанот испрати неопходна помош – топла облека, храна и лекови. Група спасувачи веќе работат на преместување на локалните жители во безбедни области, објавија агенциите.

Кина се наоѓа во сеизмички активна зона и редовно е погодена од силни земјотреси.

Провинцијата Сичуан беше погодена од земјотрес со јачина од 8 степени на 12 март 2008 година, кога загинаа околу 70.000 луѓе.

Последниот смртоносен земјотрес во Сичуан се случи во август и во него загинаа 25 лица, а над 500 беа повредени.