Соединетите Американски Држави соопштија, во очи на одбележувањето на 18 годишнината од нападите на 11 септември, дека воведуваат санкции на голем број групи кои ги сметаат за терористички или за нивни соработници, меѓу кои се палестинската група Хамас и иранската Револуционерна гарда.

На удар на санкциите се 15 лидери, лица и ентитети поврзани со групи како што се Хамас, Ал Каеда, Исламска држава и иранската Револуционерна гарда, се наведува во соопштението на американскиот министер за финансии Стивен Мнучин, пренесува Ројтерс.

Тој истакна дека дополнетиот извршен налог на Трамп за борба против тероризмот ги зајакнува овластувањата на САД кои се мета на санкции на финансиите на терористичките групи и нивните лидери.

Санкциите подразбираат дека имотот на оние кои се однесуваат на САД ќе бидат блокирани, а на американците им се забранува да тргуваат со тие лица.