Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Абас Мусави, истакна дека неговата земја е подготвена и решителна да одговори на каква било закана од САД.

Ние нема да дозволиме никакво кршење на иранските граници. Иран цврсто ќе се спротивстави на каква било агресија или закана од Америка – изјави Мусави.

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон се зголемија од четвртокот, кога иранска ракета уништи беспилотно летало на САД. Техеран тврди дека дронот бил соборен над нејзина територија, а Вашингтон вели дека тоа се случило во меѓународниот воздушен простор.

Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера соопшти дека ја откажал наредбата за воен напад, во кој би можеле да загинат 150 лица, во знак на одмазда за соборување на американското беспилотно летало и посочи дека е отворен за разговори со Техеран.