Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер објасни зошто испратил борбени авиони на Иран, а потоа одеднаш ги повлекол.

Во понеделникот соборија беспилотно летало без екипаж кое леташе над меѓународни води. Синоќа бевме подготвени да одговориме со удар на три различни цели. Кога прашав колку луѓе ќе загинат, генералот ми одговори ‘150 луѓе’. 10 минути пред ударот го спречив. Тоа не е пропорционален одговор на соборување беспилотно летало. Не брзам, нашата војска е изградена и подготвена, најдобра на светот. Санкциите ги гризат, а синоќа додадовме уште. Иран не смее НИКОГАШ да има нуклеарно оружје, не против САД, не против светот, напиша Трамп на Твитер.