Малку над половината Британци бараат каква и да биде конечната зделка или спогодба за Брегзит да биде ставена на референдум, јавува Ројтерс. Тоа го покажува денеска објавената анкета на малку повеќе од два месеца пред датумот на кој Велика Британија треба да ја напушти Европската Унија.

Вкупно 52% од анкетираните сакаат референдум за зделката, 29 проценти се против тоа, а 19 велат дека не знаат.

Владејачката Конзервативна партија има значителна предност пред опозициските лабуристи-42 наспроти 28%, покажа уште анкетата на агенцијата „Кантар“. Поддршката за либералдемократите изнесува 15 отсто.