Новата воена влада во Мјанмар ја блокираше социјалната мрежа Фејсбук поради објавување повик за граѓанска непослушност по пучот во кој беше сменета и притворена премиерката Аунг Сан Су Ќи. Фејсбук е популарна социјална мрежа во Мјанмар, а соборената влада преку неа комуницира со своите приврзаници. Мобилниот оператор Теленор Мјанмар преку изјава потврди дека мобилните оператори и интернет провајдерите во Мјанмар добиле инструкции од Министерството за комуникации привремено да го блокираат Фејсбук.

Теленор Мјанмар, кој е дел од норвешката група Теленор, рече дека ќе се придржува до наредбата, иако е загрижена дека со тоа ќе се нарушат човековите права. Фејсбук исто така ја потврди оваа информација. Полицијата во Мјанмар ја обвини Ќи дека поседува неколку нелегално увезени воки-токи во нејзиниот дом, што законски и дозволува да остане во затвор до 15 февруари. Таа и повеќе високи политичари беа уапсени во воен удар во понеделникот. Според воените претставници, пучот бил неопходен за да се зачува „стабилноста“ на државата.