Либискиот лидер Муамер Гадафи имаше голема страст кон жените и кон автомобилите. Тој непоредно пред да биде убиен имаше нарачано луксузна лимузина „Мајбах“. Моделот „57S“ беше изработен специјално за него. Имаше кожни седишта, мини бар, непробојни стакла а од нула до 100 километри развива за пет секунди.

Но, тој никогаш не влезе во него и нарачката беше откажана непосредно по неговата ликвидација.