НАТО мора да се фокусира на обезбедување на сопствената територија, а не само за странските мисии, изјави германската канцеларка Ангела Меркел за време на посетата на тенковската бригада на Бундесверот во северна Германија. Тоа беше прва посета на канцеларката за седум години на најголемата германска база во Минстер, каде што се сместени повеќе од 5.000 војници.

Германската Канцеларка, истакна дека обезбедувањето на сопствената територија повторно станала „важна задача“ за Алијансата. Истовремено, Меркел и вети на војската средства за задачите на НАТО, јавија германските медиуми.

Меркел се осврна и на политичкото значење на Силите со многу висока подготвеност кои НАТО ги оформи во 2015 година како директен одговор на судирот во источна Украина и потенцијалната руска агресија на источните граници на Алијансата.