Основачот и извршен директор на Хуавеј, Рен Женгфеи изјави дека САД ја „потценуваат“ неговата компанија.

Американскиот политички персонал според сегашните процедури покажува дека ја потценува нашата сила, рече Рен во интервју за ЦЦТВ и други кинески медиуми.

Тој посочи дека компанијата има алтернатива за набавка на чипови и оти во таа смисла не може да биде „изолирана“ од остатокот од светот.

Рен додаде дека 5Г програмата на компанијата ќе остане „непроменета“ и покрај американските мерки.

Во однос на 5Г технологијата, тој нагласи дека други компании ќе го стигнат Хуавеј за две или три години.