Претседателот на Франција Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа комеморација во вагонот поставен на локација северно од Париз, на место каде пред еден век поразените Германци и победнички расположените, но исцрпени сојузници ставија крај на Првата светска војна.

Асошиејтет прес наведува дека двајцата лидери ја искористиле церемонијата во репликата од оригиналниот вагон да го пофалат европскиот мир и преку личен пример да покажат како земјите кои биле лути непријатели треба да останат на патот на мирот.

Се наведува дека Меркел дури и ја потпрала главата на Макрон додека стоеле, а претседателот на Франција ја повел за рака по што се потпишаа во книгата на впечатоци во вагонот каде е ставен крај на Првата светска војна.