Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Париз, а неговиот француски колега Емануел Макрон се трудеше да покаже дека добрите односи и понатаму се живи.

Сепак, говорот на телото на двајцата претседатели покажува нешто друго.

Трамп веднаш по слетувањето во Париз, каде ќе присуствува на свеченоста по повод одбележување на 100 години од крајот на Првата светска војна, на Твитер објави дека предлогот на Макрон за формирање европска војска, со што би се заштитиле од САД, Кина и Русија, е „многу навредлив“.

Тие двајцата денеска и се сретнаа, а иако Макрон се трудеше со насмевка и физички контакт да покаже дека меѓу нив двајца се е во ред, Трамп не делуваше така.

На снимките кои се објавени се гледа дека Трамп остана поприлично со ладен однос, па така не возвраќаше со насмевка, а од срдечните ракувања немаше ништо.