На неколку часа пред Божик, министерот за одбрана на САД во оставка, Џејмс Матис, ја потпиша наредбата за повлекување на војската од Сирија. Со тоа Матис ја изврши одлуката на Трамп за повлекување на американската војска од Сирија.

Иако Матис поднесе оставка на ден откако Трамп го соопшти својот план за повлекувањен на 5 илјади војници од Сирија, сепак денеска ја потпиша наредбата.

Шефот на Пентагон требаше да ја извршува функцијата до крајот на февруари, но Трамп вчера објави дека на местото на Матис доаѓа Патрик Шенахен, кој ја презема должноста од Матис не во февруари, туку на 1 јануари.

Трамп го менува Матис два месеца порано поради писмото со оставка, во кое ја критикува надворешната политика на САД по одлуките на претседателот, а кое доби голема популарност во јавноста, сметаат американските медиуми.