Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, даде оценка дека не се исцрпени сите можности дијалогот меѓу Русија и НАТО да се помести од состојба на кон конструктивен тек.

Дијалогот меѓу Русија и НАТО падна во длабока криза поради неподготвеноста на Алијансата заедно со Москва да гради единствена и неподелена безбедност во евроатлантскиот регион – Лавров за бугарскиот портал „Меѓународни односи“.

Рускиот шеф на дипломатијата истакнува дека наместо таква соработка, НАТО избрал курс на одвраќање на Русија и префрлување на линијата на разделување кон исток.

Ширењето на Алијансата, изградбата на нејзини потенцијали во близина на руската граница и распоредување на американскиот противвоздушен ракетен систем предизвикаа длабока криза во кредибилитетот и ескалација на воено-политичките тензии во евроатлантскиот регион – наведе Лавров.

Тој, сепак, искажа оптимизам дека не се исцрпени сите можности за дијалогот меѓу Русија и НАТО да се врати во нормала.

За да дојде до тоа, партнерите би требало стриктно да ги извршуваат преземените обврски во врска со консолидацијата на својата безбедност на сметка на други. Од наша страна, ние секогаш сме отворени за заедничка работа во спротивставувањето на тероризмот, трговијата со дрога, кибер криминалот и вистинските, а не лажни, модерни закани – заклучи шефот на руската дипломатија.