Лидерот на австриската Народна партија (ОВП), Себастијан Курц, изјави не би му советувал на својот поранешен коалиционен партнер Хајнц Кристијан Штрахе, да се врати во политиката по аферата „Ибица. Сепак, како што истакна Курц, тоа е одлука што треба да ја донесе самиот Штрахе.

Штрахе беше принуден да поднесе оставка на сите политички функции, како и на позицијата вицеканцелар во владата на Курц, откако се појави снимка од пред две години, на која се гледа како на внука на руски милијардер и ветува услуги од државата во замена за финансиска поддршка на неговата партија.

Курц, чија партија е во убедливо водство на анкетите пред изборите, за можноста за нова коалиција со Слободарската партија (ФПО), чиј лидер беше Штрахе, истакна дека има чувство оти некои делови од таа партија не ја научиле точната лекција од целата афера.