Австрискиот канцелар и лидер на Народната партија Себастијан Курц му предложи на претседателот на републиката да распише вонредни избори, бидејќи со оставката на вицеканцеларот ставена е точка на владејачката коалиција.

Курц навел дека не можел да постигне договор со водството на антиимигрантската Слободарска партија на Штрахе за продолжување на коалицијата.

Исто така, отпадна договорот со социјал демократите бидејќи во таков случај владата не би можела да ги спроведе плановите во областа намалување на долгот и данокот.

Курц на ваков чекор се одлучи по видео-скандалот со вицеканцеларот Хајнс- Кристијан Штрахе.