Сојузната служба за заштита на уставниот поредок на Германија минатата година забележала пораст на кривични дела со радикално десна позадина, објави весникот „Билд“.

Бројот на луѓе, кои се припишуваат на екстремната десница, е во благ пораст. Во 2018 година, регистрирани се 24.100 такви лица, што е за 100 повеќе од 2017 година – наведува „Билд ам Зонтаг“, повикувајќи се на годишниот извештај на Службата за заштита на уставниот поредок, кој треба да биде официјално објавен следната недела.

Во исто време бројот на насилни кривични дела се зголемил од 28 во 2017 на 48 во 2018 година. Во извештајот, половина од членовите на екстремната десница се опишани како насилни.

Во извештајот се наведени две групи што се главна цел на нападите на екстремната десница – бегалците и муслиманите. Исто така, се потенцира дека се почесто се мета на нападите на екстремната десница се политичарите.

Тематски, екстремна десница најчесто се занимавала со прашања како губење на националниот идентитет и зголемувањете на бројот на странци.

Инспекторите се повеќе внимание обрнуваат на таканаречените „граѓаните на Рајхот“. Тие не се вбројуваат во екстремната десница, туку дејствуваат на десната страна на политичкиот спектар со негирање на уставниот поредок на Германија и повикување на границите пред Втората светска војна.