На митинг на Доналд Трамп во Пенсилванија имаше атентат, каде што поранешниот претседател беше погоден од далечина.
Додека го држеше говорот, Трамп падна на земја и на увото имаше крв. Брзо беше опколен од агенти на Тајната служба и остана на земја околу една минута. Потоа стана, ја подигна тупаницата во воздух, пред да биде изнесен од бината и одведен во возило, кое брзо го напуштило местото.
Comments are closed for this post.