Киргистан денеска ги затвори границите со цел да обезбеди безбедност, со оглед на немирите при што беше соборена владата, изјави заменик шефот на Советот за безбедност Омурбек Суваналијев.

Под притисок на повеќе илјади демонстранти Владата на Киргистан поднесе оставка, а Централната изборна комисија ги поништи резултатите од парламентарните избори.

Киргистанскиот Парламент во текот на ноќта не успеа да обезбеди кворум за седница.