Кинеско-американската конфронтација ескалира откако Пекинг им забрани на американските воени бродови да се укотват во Хонг Конг. Ситуацијата во поранешната британска колонија останува напната.

Стејт департментот соопшти дека Кина го отфрли барањето на САД за укотвување воени бродови без за тоа да даде формално објаснување. Американскиот брод „Грин Беј“, според плановите треба да запре во Хонг Конг во сабота.

Двете земји се во кризни односи заради трговската војна. Од друга страна Пекинг го обвини Вашингтон дека ги охрабрува антивладини протести во Хонг Конг и го повика Министерството за надворешни работи на САД да не се меша во внатрешните работи на Кина.

Доналд Трамп рече дека САД не зазеле тврда линија кон Пекинг за прашањето со Хонг Конг. Тој ситуацијата во поранешната британска колонија ја опиша како комплексна, во надеж за мирно решавање на кризата.

Прашањето со Хонг Конг е многу тешко. Да видиме што се случува. Тоа е комплицирана ситуација. Верувам дека ќе се реши и се надевам дека ќе биде решено, во корист на слободата. Се надевам дека ќе работи во корист на сите и во корист на на Кина. Се надевам дека таа ќе биде решена мирно, се надевам дека никој не се повреди, се надевам дека никој не ќе биде убиен “, додаде тој за време на посетата на Њу Џерси.