Германските и холандските власти почнаа потрага по контејнерите кои исчезнале од еден брод за време на испорака.

Во некои од исчезнатите контејнери како што пренесуваат тамошните медиуми има опасни материи.

Контејнерите исчезнаа од товарен брод, кој бил зафатен од бура, а властите бараат околу 270 контејнери, објави АП.

Засега не е познато што точно има во контејнерите.