Иран уапсил 17 шпиони кои работеле за американската Централна агенција за разузнавање (ЦИА) и некои од нив се осудени на смртна казна, јави иранската државна телевизија.

Министерството за разунавачки работи соопшти дека разбило шпионска мрежа на ЦИА и оти се уапсени 17 шпиони.

Светските агенции, повикувајќи се на иранската агенција „Фарс“, јавуваат дека некои од уапсените се осудени на смртна казна.