Индонезиските истражители открија дека нововградениот систем за подорување на маневарските карактеристики и пропустите на пилотите одиграле клучна улога во падот на „Лајон ер Боинг 737 МАКС“ минатата година, објави Вол стрит журнал.

Авионот паднал во море 11 минути откако полетал од меѓународниот аеродром во Џакарта на 29 октомври 2018.

Нацрт извештајот за авионсата несреќа кој требаше да биде објавен кон средината на ноември, наведува низа грешки на пилотите и пропусти во одржувањето на авионот како причински фактори за несреќата, наведено е во неделата.

Истражителите ја провериле новата функција на Боингот, системот „MCAS“ за подобрување на маневарските карактеристики.

Системот е воведен во новата генерација на Боинг 737 со цел спречување на превисокото кревање на носот на авионот. Меѓутоа, се чини дека во падот на Лајон ер тој систем предизвикал понирање на авионот заради фрешните отчитувања на сензорот.