Седум ученици загинаа, а уште неколку се повредени утринава кога една училница се урна во едно училиште во главниот град на Кенија, Најроби, соопштија спасувачите.

Можеме да потврдиме дека седум деца загинаа, а 57 други ученици се добри“, изјави владиниот портпарол зборувајќи од местото на несреќата.

Училницата се урнала во момент кога учениците влегувале за часовите.

Несреќата се случила во едно од сиромашните квартови на градот. Моменти по несреќата стотици локални жители на Дагорети дошле за да помогнат во спасувачката операција.

Репортерот на АФП наведува дека станува збор за привремен објект изграден од дрво и метална конструкција и оти бил надграден еден кат.