Поранешниот градоначалник на Техеран и еден од потпретседателите на Иран, Али Наџафри осуден е на смртна казна заради убиство на неговата сопруга, јави денеска иранската државна телевизија.

Наџрафри е прогласен за крив заради убиство од огнено оружје на една од своите жени Митра Остад, пренесува Асошиејтед прес.

Тој има право на жалба во следните 20 дена.

Наџафри е притворен во мај, откако пристигнал во полиција и го признал убиството.

Тој поднесе оставка на местото градоначалник во 2018 година поради критиките од јавноста бидејќи присуствувал на музичка приредба во едно женско училиште.

Убистовто со огнено оружје е многу ретко во Иран, посебно помеѓу припадниците на политичката и економска елита.

Полигамијата е легална во Иран, иако многумина го критикуваа Наџрафи на социјалните мрежи откако ја оженил 35 годишната Митра.