Германската амбасада во Германија објави дека секојдневно вршат притисок врз германските компании да го напуштат Иран, во услови во кои Европа се обидува најде начин како да ги заобиколи американските санкции кон таа земја.

Ваквата објава на амбасадата доаѓа откако од Фолксваген одбија да потврдат дека ќе заминат од Иран, нешто што неколку часа претходно го најави американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, кој е близок до претседателот, Доналд Трамп.

Амбасадорот Гренел веќе подолго време разговара со директорите и индустриските челници, советувајќи ги да ги почитуваат американските санкции. Амбасадорот со тим од амбасадата секојдневно работат за да се осигураат дека компаниите и нивните директори ги почитуваат своите обврски – изјави портпаролката на амбасадата.

САД повторно воведе санкции кон Иран во мај откако Трамп одлучи еднострано да се повлече од меѓународниот договор со Иран околу неговата нуклеарна програма, склучен уште во 2015 година.

Сепак, Европа сака да го одржи тој договор и да воспостави механизам што ќе овозможи продолжување на трговијата со Иран и покрај американските санкции. За таа цел се планира воведување алтернативен трговски режим, односно своевидна трговска размена на големо со што на Иран би му се овозможилода продолжи да извезува нафта.

Од друга страна, САД од 4 ноември ќе воведе нов круг санкции коишто директно ќе ги погоди иранскиот извоз на нафта и банкарските транскации на таа земја, со што Иран практично ќе биде исклучен од меѓународните финансиски текови.

Таквите санкции, пак, освен Иран ќе ги погодат и земјите што тргуваат со него, како што е Германија, која е еден од главните трговски партнери на Иран. Така, германскиот извоз во Иран во 2016 година достигна речиси 2,6 милијарди евра, што е 26 отсто повеќе во однос на една година претходно.