Танзаниските власти стравуваат од можноста да има повеќе од 200 жртви по потонувањето на брод во езерото Викторија. Досега се пронајдени четириесетина тела, а стотина патници биле спасени. Сепак, претпоставките за многу поголем број жртви доаѓа од таму што на бродот имало повеќе од 400 патници, доста повеќе од капацитетот на бродот.

Локалните рибари им се придружиле на спасувачките екипи во обид да спасат што е можно повеќемина од патниците.

Бродските несреќи се честа појава на езерото Викторија, каде сопствениците на бродовите не ги запазуваат стандардите за пловидба. Така на пример, во 1996 година при потонување на брод загинаа повеќе од 800 луѓе, што е една од најголемите поморски катастрофи во историјата.