Екипажот на германски хуманитарен брод, кој со околу 100 мигранти се наоѓа во Средоземното море, испрати апел до властите во Малта да помогнат во изнаоѓање сигурно пристаниште за усидрување на бродот.
Германската хуманитарна група „Лајфлајн“ во писмо упатено до малтешките власти предупреди дека повеќе не може да се справува со неизвесноста.
Германската влада соопшти дека сака да преземе дел од мигрантите, но побара од Европската Комисија да и помогне во координирање на акцијата, пренесе „АП“.
Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини забрани германскиот брод да навлезе во италијанските води.
Бродот во понеделникот спаси околу 100 лица кои се наоѓале на гумен чамец, на околу 50 километри од либиското крајбрежје.
Comments are closed for this post.