Business Insider објави информација дека во сојузната влада во Берлин кружи анализа на германските разузнавачки служби, дека Русија интензивно се подготвува за конфликт од големи размери со НАТО пактот во 2026 година.

Во анализата се наведува дека Русија инвестирала значителни човечки и материјални ресурси во војната, но западните разузнавачки служби се сè позагрижени за ескалацијата и ширењето на воениот конфликт.

Разузнавачката анализа сугерира дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да нападне делови од НАТО веќе во 2026 година.

Според истрагата на Business Insider, разузнавачки извори велат дека Москва се подготвува за фундаментален конфликт со Западот. Тоа го сугерираат преструктуирањето на армијата, движењето на војниците и распоредувањето ракети на западот на земјата.

Во заклучокот од анализата се вели:

„Веќе не може да се исклучи“ дека Путин ќе нападне барем делови од НАТО, како што се Балтикот или Финска, „од 2026 година“, ја цитира анализата Business Insider.

 

Извор: Твфронт