Француските и Британските власти ги засилија безбедносните мерки околу верските објекти по денешниот напад во џамија во Нов Зеланд, каде загинаа 49 лица, а десетици се ранети.

Во Франција живеат голем број муслимани и земјата беше цел на терористички напади на исламистичките екстремисти во 2015 и 2016 година.

Патролите ќе бидат околу верските објекти, изјави министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер.

Засилена е безбедноста и околу верските објекти во Велика Британија. Командантот на британската антитерористичка единица Ник Басу изјави дека е зголемено присуството на патроли во близина на џамиите во Велика Британија и дека на сите верски заедници им се дадени препораки за тоа како да се заштитат себеси и нивните верски објекти.