Комисијата за транспорт на Европскиот парламент со 23 гласа „за“ и 11 против донесе одлука да се укине зимско и летно сметање на времето од 2021 и да се премине на една часовна зона. Одлуката не е конечна и таа треба да биде потврдена од Европскиот совет.

Земјите-членки на ЕУ одлуките ќе треба да ги донесат до април 2020 година, а конечната промена би се случила во март 2021.

Европарламентарците ја повикаа Европската комисија да разгледа како летното, а како зимското сметање на времето влијае на внатрешниот пазар.