Бриселски „Политико“  истакнува дека најсиромашните држави во Европа, Албанија, Косово и Македонија ги отвориле широко вратите за авганистанските бегалци. Притоа се додава дека овие три држави имаат силни проамерикански чувства без разлика кој е на власт во Америка. Албанија се очекува да прими најмалку 2.000 бегалци од Авганистан. Земјата веќе од порано прими муџахедини на барање на САД.

Од друга страна, пак, Европската унија сега има големи главоболки што да прави при евентуален голем бегалски бран од Авганистан. ЕУ не е расположена да прима бегалци. Така, синоќа беше соопштено дека од мисијата на ЕУ во Кабул ќе бидат вратени 400 вработени, кои потоа ќе се распоредат низ земјите-членки на Унијата. Најверојатно базата ќе им биде во Шпанија, а потоа ќе се види кои земји ќе изразат расположение за нивен прифат.