Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е невозможно Турција да престане со купување нафта и гас од Иран, и покрај заканите од американски санкции, додавајќи дека трговијата меѓу двете земји ќе продолжи.
Обраќајки се пред новинарите по враќањето од Генералното собрание на ОН во Њујорк, Ердоган порача дека Турција не се плаши од можни американски санкции заради трговијата со Иран.
Додаде дека Анкара не сака да ја прекине соработката со Техеран.
Турскиот претседател во средата повика на внимателност при обвинувањето на Иран за нападите на саудиските нафтени полиња, додавајќи дена не е во ред целиот терет да се става врз една земја.
САД, европските сили и Саудиска Арабија го обвинија Иран за нападите, иако јеменските Хути чии сојузник е Иран ја презедоа одговорноста за нападот.
Иран отфрли било каква одговорност за нападте.
Мислам дека не е во ред да се обвинува Иран“, изјави Ердоган и додаде „Ако целиот товар го ставиме на Иран, тоа нема да биде исправно. Достапните докази не не го поткрепуваат таквиот факт, рече Ердоган.
Comments are closed for this post.