Гласачите на референдумот во Египет ги прифатиле уставните измени, кои можат да му овозможат на претседателот Абдел Фатах ал Сиси да остане на таа функција до 2030 година, соопшти египетската изборна комисија.

Претседателот на комисијата, Лашин Ибрахим, изјави дека 88,83 отсто од граѓаните гласале за уставните измени, а излезноста била 44,33 проценти.

Со измените се предвидува продолжување на претседателскиот мандат од четири на шест години, но и посебна измена, која сегашниот мандат на Сиси ќе му го продолжи на шест години и ќе му дозволи учество на изборите во 2024 година.

Критичарите сметаат дека референдумот е уште еден чекор кон враќање на авторитарното владеење, осум години по продемократскиот бунт.

Референдумот се одржа од 20 до 22 април, со цел да се зголеми излезноста.