Поради очекуваните врнежи од дожд, во Париз почна покривањето со церада на катедралата „Нотр Дам“, која минатата недела настрада во пожар, јавуваат агенциите.

Има опасност дождот да оштети, па дури и да урне делови од објектот и од внатрешните уметнички дела, особено по големото количество вода, што пожарникарите ја употребија при гаснењето на пожарот од 15 април.

Предвидено е да се инсталира нешто како огромен „чадор“, што ќе го штити објектот при лоши временски услови додека работниците не завршат со неговото обновување. Се очекува покривањето да трае неколку недели.

Претседателот Емануел Макрон изрази желба катедралата да биде обновена во период од пет години, но според некои експерти тој рок е нереално краток. Париз во 2024 година е домаќин на Олимписките игри.