Роберт Кох Институтот во петокот попладне ја ажурираше својата листа на ризични области со ограничувања за влез во Германија и ја стави Македонија на т.н безбедна листа, односно Македонија не се смета повеќе за ризична област, со што се дозволува неограничен влез за државјаните на Македонија во Германија, од 19 декември 2021 година, 00:00 часот наутро.

Со тоа секој македонски државјанин има дозвола да влезе во Германија без важна причина за патување и без оглед на нивниот статус на вакцинација.

Исто така повеќе не е потребно пополнување на електронска регистрација за влез во Германија.

Сепак, сите лица над 12 години, кои пристигнуваат во Германија небитно со каков вид на транспорт, и понатаму ќе треба да приложат потврда за негативен тест или потврда за прележан Ковид-19 или потврда за целосна вакцинација пред поаѓањето на авиокомпанијата и при пристигнување.

За вакцинирани лица: Доказ за целосна вакцинација Covid-19- на германски, англиски, француски, италијански или шпански јазик во дигитална или хартиена форма (на пр. Жолт сертификат за WHOV вакцинација). Вакцинацијата мора да е извршена со една од вакцините наведени на веб-страницата на Институтот Пол Ерлих (Comirnaty BioN¬Tech/Pfizer, Janssen, Moderna, Vaxzevria/AstraZeneca). Последната примена неопходна доза на вакцинација мора да биде пред најмалку 14 дена.

За оние кои се опоравиле од Ковид 19:Позитивен резултат на тест за PCR направен пред најмалку 28 дена, но не повеќе од 6 месеци.

За оние кои се тестирале: Негативен резултат од тест со техника за засилување на нуклеинска киселина (на пр., PCR, PoC-PCR) на германски, англиски, француски, италијански или шпански, не постар од 72 часа пред влегувањето (време на земање брис). Алтернативно, негативен резултат на брз антигенски тест на германски, англиски, француски, италијански или шпански јазик, не постар од 48 часа пред влегувањето.