Повеќе од 2.000 припадници на различни бразилски домордни племињацела недела учествуваат на протести во главниот град на Бразил, Бразилија, на кои бараат да се решат преговорите за територијалните права што ги водат со Владата и со тоа да ја сочуваат Амазонската дождовна шума.
Само во периодот од јули 2017 до јули 2018 година 40 проценти од Амазонската прашума во Бразил, односно 7.900 квадратни километри биле исечени, што е највисок процент во последната декада.
Некои од бразилските политичари обвинуваат за нелегална сеча, но законски донесените активности на новиот претседател, Жаир Болсонаро, не ветуваат големо подобрување на состојбата. Само неколку часа откако стапи на функцијата, Болсонаро ја префрли надлежноста за креирање регулатива и нови резервати за домородното население во Министерството за земјоделство, коешто е контролирано од силно земјоделско лоби. Болсонаро, исто така, објави дека ќе го забрза рамнењето на амазонската прашума за да се добие земја што ќе се употребува за пасишта или обработлива почва.
Таквите мерки предизвикаа огромно разочарување кај лидерите на домородните народи коишто предупредија дека одлуката ги загрозува нивните резервати, коишто опфаќаат околу 13 проценти од територијата на Бразил. Домородците се најголемите заштитници и администратори на Амазонската прашума.
Таквата состојба околу шумата во Амазон, е причина поради која научниците предупредуваат дека неконтролираната сеча е закана за опстанокот на тропската дождовна шума, а со самото тоа и на целиот свет. Амазонската шума, која е се нарекува и „бели дробови на планетата Земја“ апсорбира две милијарди тони јаглерод диоксид годишно и ослободува околу 20 проценти од кислород на светот. Исто така, Амазон произведува влага од врнежите, што значително влијае на светската клима. Затоа, нејзиното уништување претставува закана за целото човештво.
Comments are closed for this post.